Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ)


Настани

SKSZM logo

Средба со г. Ќехаја, нов амбасадор на Република Косово во Македонија 01.07.2022


Претседателот на СКСЗМ г. Неби Хоџа и извршниот директор г. Дрилон Исени, му посака добредојде на новоименуваниот амбасадор на Република Косово во земјава, г. Флоријан Ќехаја. Претседателот Хоџа му честиташе на амбасадорот за новата функција, нагласувајќи дека Комората е секогаш отворена и подготвена за соработка на сите полиња. На средбата беше претставена работата на Комората
Повеќе ...

SKSZM logo

Трговска размена меѓу РСМ и Аргентина-СКСЗМ на средба со амбасадорот Атанасоф 29.06.2022


28.06.2022 Скопје Денес, претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа и извршниот директор г. Дриљон Исени на средба го пречекаа г. Алфредо Нестор Атанасоф, амбасадор на Република Аргентина во Република Северна Македонија, резидент во Софија. На средбата се разговараше за можностите за зголемување на економската и трговската соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Аргентина.
Повеќе ...

SKSZM logo

Претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа учесник на Економскиот Форум во Венеција. 13.06.2022


Во организација на АПИ-НОРДЕСТ се одржа Економскиот форум во Венеција каде гостин беше претседателот на СКСЗМ, г. Неби Хоџа, високи владини претставници и други претставници од бизнис заедницата. Според Заводот за статистика, Италија е меѓу десетте најголеми трговски партнери на Северна Македонија, па целта на средбата беше да се зголеми економската соработка меѓу двете земји
Повеќе ...

Прегледај ги сите Новости

Идни настани

Економикус

Економикус 17.09.2018

 Во овој број на економскиот информатор Економикус ќе се презентираат податоците од Државен Завод за Статистика за бруто – домашниот производ за второто тримесечје од 2018 година.

За повеќе информации симнете го тука новиот број на информаторот.

Повеќе ...

Економикус бр.6

Економикус бр.6 17.08.2018

 Во овој број на економскиот информатор Економикус ќе се презентираат податоците од Глобалниот Индекс на Иновации (The Global Innovation Index) за 2018 година. Глобалниот Индекс на Иновации е резултат на соработка  помеѓу Универзитетот Корнел, ИНСЕАД, и Светската организација за интелектуална сопственост како ко-издавачи. Целта на овој  индекс е да се најдат нови начини на мерење и рангирање на иновативноста на земјите.

За повеќе информации симнете го тука новиот број на информаторот.

Повеќе ...

Economicus бр.5

Economicus бр.5 02.07.2018

 Во новиот број на економскиот информатор Економикус ќе се презентираат  податоците за Бруто домашниот производ од  Државниот завод за статистика за првиот  квартал од 2018 година. Исто така, ќе се  презентираат и податоците за секторите со  најголемо учество во БДП за првиот квартал од  оваа година, како и податоци од Еуростат за  споредба на растот на БДП на Македонија со  останатите земјии од Европа.

За повеќе информации симнете го тука новиот број на информаторот.

Повеќе ...

Прегледај ги сите настани

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ)

Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ), како легитимен претставник на интересите на бизнис заедницата, има за цел да прави организација, аванцирање, промоција и заштита на бизнисите како во рамки на Република Македонија така и во странство, соочувајќи се со предизвиците на конкуренцијата на различни нивоа, било на домашна или меѓународна основа. Основајќи се на професионализам, високи стандарди за работа, решителност, флексибилност, транспарентност, конзистентност и еднаков пристап, СКСЗМ значително и сигурно помага во промоција на бизнисите и самото општество во согласност со европските вредности.


Што се однесува до минатато, СКСЗМ е основана во Тетово во 2005 година. Од самиот почеток, и покрај разните перипетии, успеа да доживее последователни успеси, за кои водечки индикатор е фактот дека уште од самиот почеток успеа да привлече еден значаен број на компании (122). Со оглед на физичката близина со државните институции, во 2007 година се пресели во Скопје, каде што продолжува да биде и во денешен ден. За кратко време, бројот на претпријатијата членки континуирано растеше. Паралелно се зголемуваа и нејзините административни капацитети, добиени и спроведувани проекти, како и активностите од различен карактер.


Во 2015 година СКСЗМ заокружи цели 10 години од своето постоење, продолжувајќи да се докаже себеси и понатаму како институција во служба на економијата; како важен фактор во подобрувањето на бизнис климата; како конструктивен партнер на државните институции на Република Македонија; како партнер во социјалниот дијалог и како двигател на економскиот развој и соодветните макроекономски политики.


Во текот на минатата деценија, СКСЗМ успеа да организира 70 работилници, 82 тркалезни маси, неколку проекти финансирани од Европската унија, 120 средби за бизнис посредување за своите членови со странски партнери, кои резултираа со 50 партнерски соработки со компании членки на СКСЗМ, над 800 билатерални средби и корисни, сеопфатни и образовни работилници, преку кои се вклучени околу 3.000 активни бизниси, кои беа во можност да добијат основни информации директно од страна на експерти во релевантните области, кои меѓу другото се проследени со поддршката и примената на корпоративните практики за општествена одговорност од страна на компаниите членки.


За да биде уште поблиску до бизнисите, СКСЗМ од 2012 година го организира “Караванот на комората”, во кој се реализира директен контакт со бизнисите, за да се гледат одблизу проблемите со кои се соочуваат компаниите во текот на развивањето на нивните активности. Покрај тоа, СКСЗМ е еден од главните иницијатори на организацијата на манифестацијата “Претприемач на годината”, која од 2006 година наваму ги наградува најуспешните претприемачи во државата. Веќе неколку години, СКСЗМ традиционално го спроведува “Топ 100”, каде што се промовираат компаниите кои во текот на годината постигнале големи достигнувања и со целосна заслуга се рангираат во 100-те најуспешни компании во земјата. Овој настан резултира со каталог насловен како и самата манифестација.


Едни од клучните проекти на СКСЗМ се:

Проектот “Заштита на брендот на производите од прекуграничната соработка”, финансиран од Европската унија и организиран во соработка со Државниот завод за индустриска сопственост на Република Македонија и Генералниот директорат за патенти и трговски марки на Република Албанија. Општата цел е да придонесе за воспоставување на прекуграничната бизнис конкуренција преку унапредување и заштита на трговските марки и патенти во Македонија и Албанија.


Проектот “Градење на капацитетите на Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија“, чија цел е да се промовира претприемништвото во земјата преку подобрување на капацитетите.


Проектот “3ES – образование, вработување и еднаквост за жените од етничките заедници”, чиј главна цел е да ја олесни интеграцијата на жените од малцинските етнички заедници (Албанки, Турчинки, Босанки и други) на пазарот на трудот.


Проектот “Јакнење на младите и генерирање на вработувањата“, финансиран од Европската Унија и имплементиран од страна на СКСЗМ, Фондацијата СРИНТ, Институтот ПРЕДА и ANTTARAC, има за цел да го промовира партнерството помеѓу различни локални и владини агенции, образовни институции, младински организации и приватниот сектор од двете страни на границата меѓу Македонија и Албанија, обидувајќи се да постигне општествена кохезија на младите генерации преку образованието и вработувањето.


Проектот “Дијаспора Инвест”, кој започна како иницијатива од страна на Центарот за развој на Полошкиот плански регион и Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија, во соработка со општините од Полошкиот регион, со поддршка на Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси и GIZ RED, има за цел да прави информирање и потикнување на дијаспората за да инвестира во полошкиот регион.


Денес СКСЗМ брои околу 1.800 компании членки, кои се занимаваат со различни активности и се присутни скоро во сите региони на земјата. Сепак, СКСЗМ продолжува да стои со отворени врати за сите други компании кои се подготвени да ги искористуваат нејзините услуги.


 


Сподели