Сојуз на стопански комори на Македонија


Сојуз на стопански комори на Македонија

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) како унија од 33 стопански комори организации и здруженија, е најголемата независна деловна организација во Република Македонија која ги промовира и застапува интересите на компаниите и ги поврзува со над 1000 национални, регионални и интернационални институции и организации. Со својата комплексна организација Сојузот е најголем претставник на бизнис заедницата кој е во чекор со модерните достигнувања во деловниот свет и континуирано активно придонесува во развојот на компаниите и националната економија.


Повеќе од 23.000 компании организирани во Сојузот на стопански комори на Македонија, кои се успешни во својата дејност, со конструктивни предлози, придонесуваат за подобрување на бизнис амбиентот во земјата.

 

Сојузот овозможува пристап до информации, бази на податоци, едукација за претприемништво, правни совети,  помага во пронаоѓањето на деловни партнери,  известува за домашни и меѓународни тендери,овозможува настапи на саеми, обезбедува информации за извори на финансирање. Делувајќи во рамки на секторските комори, компаниите влијаат на промена на регулативата, а коморските контакти се поддршка во контактите со државните институции, како и добра препорака во активностите за јавни набавки, во Република Македонија или интернационално.


ССК ги познава условите за соработка и бизнис насите странски пазари и вмрежена е со економски асоцијации и институции ширум светот.

 

На Вашиот пат кон успехот ќе се соочите со многу предизвици затоа што тоа е составен дел на деловното работење. Во сите овие ситуации, не двоумете се да ни се обратите,преку Вашата секторска комора или координатор.


Сојуз на стопански Комори на Македонија е Ваш партнер во бизнисот и вработените на Комората се достапни за сите потребни бизнис информации и услуги.

Сојуз на стопански комори на Македонија е институција која ги застапува интересите на сите стопански субјекти членови на комората.


Покрај големите компании, а имајќи го предвид фактот дека малите и средни претпријатија се движечка сила на секоја економија и дека нивниот развој, долгорочно гледано, води кон јакнење на целокупната економија, разбирливи се заложбите на ССК за развој и поддршка на малите и средни претпријатија.  Развојот на малите и средни претпријатија и на претприемништвото доби своја афирмација во македонското стопанство не само како средство за негување и унапредување на претприемнички дух, туку и за поттикнување на свеста во насока на конзистентната потреба од промени и реформи на економската сцена, како еден од главните приоритети на ССК.

 

 


Сподели