Препораки за надминување на негативните ефекти врз текстилната и кожарската индустрија од COVID-19 пандемијата
Пандемијата предизвика проблеми во снабдувањето со репроматеријали. Долгорочно овој проблем ќе биде присутен. Големиот број на отсуства (од 10 до 15%) како резултат на родителска грижа, на деца до 10 годишна возраст и хронично болни, како и отсуства заради самоизолација, многу негативно влијае на продуктивноста (од 20-35% намалување). Откажани налози се повеќе евидентни кај модниот програм отколку кај службениот и работниот програм. Повеќето брендови класичните модни налози ги заменија со налози за производство на маски и заштитна опрема, но очекувањата се дека постепено тие налози ќе се намалуваат, а модните налози нема да го достигнат нормалното ниво во следните 12 месеци.
Министерство за финансии
Министерство за економија
Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања
12-06-2020
Препораки за надминување на негативните ефекти врз градежната индустрија со влијанието на COVID-19
Според анкетираните компании, една од најпотребните мерки, особено значајна за микро и малите претпријатија, е субвенционирање на дел од платите. Да се предвиди можност и компаниите кои инвестирале во капитални добра - опрема, машини, како и развој на нови производи, итн. непосредно пред почетокот на кризата да може да ги приложат фактурите од јануари наваму за да бидат земени предвид. Ова е особено значајно затоа што градежната сезона почнува во март и најчесто компаниите ги реализираат инвестициите пред тој период.
1. ИТНИ/КРАТКОРОЧНИ МЕРКИ:
Министерство за транспорт и врски
Препораки за справување со предизвиците во ИКТ индустријата со COVID-19 пандемијата
ИКТ индустријата е клучна заради можните решенија кои може да ги понуди на бизнисите во насока на приспособување со новонастанатите услови. Со најразлични дигитални алатки може да се унапредат процесите кои ќе водат кон зголемување на економичноста во работењето што би значело можност за заштеда и реалокација на материјални и човечки ресурси.
Министерство за информатичко општество и администрација
11-06-2020
Препораки за надминување на ефектите врз земјоделство и прехранбена индустрија предизвикани од COVID-19 кризата
COVID-19 пандемијата предизвика светска здравствено економска криза која влијае врз животот и егзистенцијата на луѓето, работење на претприемачи, а со тоа и на целокупната економска состојба, глобалната трговија со храна, пазарите, ланци за снабдување со храна. Влијанието на кризата предизвикана од коронавирусот COVID-19 е присутно и врз земјоделскиот и прехранбениот сектор, и истата го принуди секторот на реакција и тоа како на краток така и на долг рок.
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Препораки за надминување на последиците врз секторот туризам и угостителство погоден од кризата предизвикана од COVID-19 пандемијата
За да се обезбеди економски опстанок на компаниите од туристичко – угостителскиот сектор, но и да се одржи рамнотежа помеѓу побарувачката и понудата на пазарот на трудот потребно е прилагодување на пакетот мерки, но и условите за нивно користење, особено во делот на времетраењето на помошта, висината на кредитите кои треба да постигнат ликвидност кај компаниите, ослободувањето од давачки како придонеси и други оптоварувања кои нема како да бидат покриени без економска активност