Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Ефектите врз работните односи предизвикани од пандемијата на COVID-19 со предлози за надминување на последиците

  Неспорен е фактот дека во доменот на работните односи сите индустрии трпат штета која е: моментална - одложена и краткорочна, и среднорочна - материјална и нематеријална. Ублажувањето или елиминирањето на штетните последици се гледа во носењето на мерки/олеснувања/ослободувања: - моментални, краткорочни временски еднакви на рокот во кој траела штетата, среднорочни и долгорочни

 Превенирањето се гледа во носењето на акти за автоматска примена во идна вонредна или кризна ситуација со што и самите друштва ќе можат да изградат интерни правила за работење во вакви состојби. Предложените мерки се јасни и спроведливи.


  Министерство за труд и социјална политика

Министерство за финансии

Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања

03-07-2020

Нема одговор

Усогласување на потребите на работодавачите со пазарот на труд

 Претставниците на деловната заедница истакнуваа дека се соочуваат со големи предизвици во однос на обезбедување на квалитетна работна сила, која ќе биде носител на процесот на развој на приватниот сектор во денешното време.

 - Да се создадат регионални центри за обуки/прекфалификација кои ќе бидат децентрализирани по региони. Овие обуки треба да се направат за потребите на компаниите во конкретниот регион. Откако компаниите ќе пријават слободни работни места ќе се преквалификуваат одредени лица за таа позиција. Многу е важно да центрите активно го вклучат деловниот сектор и со взаемна соработка да ги спроведува активностите, како и да бидат делумно финансиски поддржани за преквалификацијата преку националниот годишен Оперативниот план за мерки за вработување;

- Истражување со цел точно утврдување на потребите на претпријатијата од кадар и поголема соработка со истите во обука на вработените;


  Министерство за труд и социјална политика

17-10-2019

Нема одговор

Немање на стимулативни мерки за формализација на работата за потребите на домаќинството и немање механизми за формализација на сезонските работници во земјоделието

Постојат области во македонската економијата каде што неформалноста е многу голема, како што се сезонските работници во земјоделието и работата за потребите во домаќинствата (чистење, градинарство, услуги за одржување, приватни образовни часови, грижа за деца и возрасни лица, реновирање,  доградба на домовите,  итн.). Развојот на компаниите кои би го подигнале квалитетот на услугите и би поставиле стандарди во давањето на услугите во овие области е скоро невозможно, поради големото влијание на неформалноста врз цените на услугите. Тешко е овие сектори да се формализираат без стимулативни иницијативи, па затоа се предлага воведување на Ваучер систем за сезонските земјоделски работници и услугите за потребите на домаќинството.

Предлогот е да се воведе Ваучер систем за стимулирање на формализација на економските активности и со воведувањето на ваучер системот се очекува да се формализираат овие области, што ќе доведе до развој на нови бизниси или проширување на постојните бизниси.


 Доставено до Министерство за труд и социјална политика и Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство

15-07-2019

Одговор добиен од: Министерство за труд и социјална политика на

17-12-2019


Злоупотреба на правото на платено отсуство од работа

 Постојат лажни боледувања кога матичните лекари нестручно и непрофесионално издаваат лекарски потврди за спреченост за работа дури и во случаи кога реална спреченост не постои, а чести се случаите каде работникот иако формално отсуствува од работа поради со закон допуштена причина или е на боледување со лекарска документација, тој работи „на црно“ кај друг работодавач

 Измени и дополнувања на позитивните прописи кои ќе предвидат контролни механизми за заштита на работодавачите од злоупотреби со конкретно пропишување на процедура или со давање на рамки за интерно воспоставување на правила и процедури на ниво на работодавач. Надоместокот на платата во случаите на неспособност на работникот за работа поради негова болест или повреда да биде до 21 ден да го исплаќа работодавачот, а над 21 ден да се исплаќа на товар на здравственото осигурување


 Доставено до Министерство за труд и социјална политика

14-06-2018

Одговор добиен од: Министерство за труд и социјална политика на

17-12-2019


Издавање на потврда за видот на работата која работникот ја вршел

 Работодавачите на пазарот на трудот се ускратени од можноста да добијат информација за работникот од претходниот работодавач која може да биде важна за склучување или несклучување на договор за вработување. Работодавачите се ускратуваат и од релевантна информација за причините на престанок на работниот однос кај претходниот работодавач

Измена и дополнување на член 63, став 2 од Законот за работните односи која ќе гласи: Потврдата ќе содржи податоци за работите и работните задачи кои работникот ги извршувал кај работодавачот, знаењето и вештините, вклучувајќи го и основот и причините за престанокот на работниот однос, освен податоци кои би му го отежнале на работникот склучувањето на нов договор за вработување


  Доставено до Министерство за труд и социјална политика

12-06-2018

Одговор добиен од: Министерство за труд и социјална политика на

17-12-2019