Проектот на УСАИД Партнерство за подобра бизнис регулатива одржа инфо-сесија за трите најпогодени сектори одкризата предизвикана од КОВИД-19 - автомобилската индустрија, туризмот и угостителството и текстилната индустрија.
За попрецизно утврдување на состојбите во овие три сектори се спроведоа и три последователни студии по анализитекои беа направени во април на самите почетоци на кризата. Ангажираните експерти преку темелно истражувањеовозможија поставување на насоки за тоа кои мерки им се неопходни на овие компании кои имаат големо учество вобруто домашниот производ (БДП) и вработуваат десетици илјади вработени.
Според резултатите од студиите, автомобилската, електро, металната и машинската индустрија полека закрепнуваат поогромните падови во првите два квартали од годината и до 80%, но сепак сценаријата за излез од кризата ќе зависат одглобалната состојба со пандемијата, како и со соодветните мерки за поддршка.
„ Во однос на мерките на владата, резултатите од направените интервјуа со претставниците на компаниите укажуваат наделумна поделеност во нивното мислење за тоа дали досегашните мерки беа доволни за справување со кризата, како иво делот на тоа дали истите биле користени од нивна страна. Како позитивни мерки кои се посочуваат сесубвенционирање на платите, обезбедување на поволни кредитни линии, намалување на увозните давачки за некоипроизводи и некои други мерки за зголемување на конкурентноста во услови на криза. Но, она што се забележува иукажува од нивна страна е потребата од целосно спроведување на сите најавени мерки кои се во насока на поддршкана компаниите, особено извозно ориентираните компании“ посочи доц. д-р Дарко Лазаров од Универзитетот ГоцеДелчев.
Компаниите од туризмот и угостителството, кои премногу зависат од состојбите со корона вирусот но и од повеќекратниот пролетен карантин, во третиот квартал забележаа мал пораст, но со најавените мерки за ограничувањеповторно ќе се соочат со пад на приходите, што влијае на зголемениот број на отпуштања во овие сектори. Според резултатите од последователната студија неопходно е мерките да се насочат и кон преквалификација на дел одвработените и продолжена поддршка за компаниите.
„Во услови на здравствена криза односно пандемијата со КОВИД-19 која предизвика нарушување на сите конститутивниелементи на туристичкиот пазар како резултат на што туристичко-угостителскиот сектор е еден од најпогодените, аможеби и најпогоден од пандемијата, се наоѓаме пред предизвик кој создава обврска високо квалитетен економскиодговор од страна на државата. Според тоа и покрај досега превземените мерки, кои според испитаниците се оценетикако делумно ефективни, потребни се системски решенија, продолжена поддршка на компаниите од секторот туризами угостителство, мерки преку кои може да се сочуваат производните структури задржувајќи ја во кондиција туристичката понуда како еден од субјективните конститутивни елементи на туристичкиот пазар што би овозможилоповолна позиција на меѓународниот пазар на туризмот. Конституирање на Комитет за туризам како владино тело однајвисок ранг претставува потреба од највисок степен која ќе значи надминување на пречките за развој на туризмотособено во кризни ситуации, односно потврда на заложбите за развој на туризмот и воопшто економијата доколку гоземеме во предвид потенцијалот на туризмот како индустрија која може да обезбеди повеќекратно повисоки приходиво буџетот од оној во 2019-та година“ изјави туризмолог д-р Кристијан Џамбазовски.
Текстилниот сектор повеќе не може да се потпира само на изработка на маски и заштитна опрема како во вториотквартал од годината кога изби пандемијата КОВИД-19. Препораките од експертите, како и од погодените компании еовој сектор да се поддржи и понатаму.
„Крајот на третиот квартал покажа остварување на предвидувањата, односно драстичен пад на нарачките. Компаниите во септември пријавија пад од неверојатни 50% на нови нарачки што ги стави во недоумица како понатаму да работат икако да се преструктуираат за да останат ликвидни. Дел од компаниите заради неизвесноста од периодот кој следува, авоедно заради нејасно дефинирана содржина на најавените мерки се одлучија за намалување на бројот на вработени, иако беа свесни дека долгорочно тоа може да влијае негативно на понатамошните активности на компанијата. Идодека вториот и третиот пакет на мерки допре до текстилната гранка и голем дел од загрозените компаниите гиискористија субвенциите за да поделат плати на вработените, според изјавите на компаниите, новите пакет на меркиодносно Законот за финансиска поддршка на плати речиси воопшто нема да биде корисен за текстилниот сектор“, изјави Наташа Сивевска, извршна директорка на ТТА - Текстилен кластер.
При подготовка на анализите беше спроведено истражување меѓу компании и институции за да се пронајдат соодветнирешенија за надминување на кризата од КОВИД-19, вклучувајќи ги и меѓународните искуства. Заклучоците ипрепораките од студиите, како и директните предлози од бизнис секторот ќе бидат доставени до надлежните органипреку Платформата за јавно-приватен дијалог за да се креираат мерки кои ќе ги ублажат последиците.
Оваа инфо сесија се одржа во рамките на активностите на Проектот Партнерство за подобра бизнис регулатива, кој го спроведуваат Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Македонија, Стопанска комора за информатички икомуникациски технологии МАСИТ и Стопанска комора на северозападна Македонија, со ЕПИ ЦЕНТАР како имплементатор, а со поддршка на УСАИД.