Стопанската комора на Македонија е најстара и најбројна бизнис асоцијација со традиција од 96
години.
Комората е референтна институција на
бизнисот во нашата држава со околу 15.000 членки на доброволна основа. Компаниите-членки
учествуваат со околу 95% од БДП на Република Македонија, вработуваат околу 95% и учествуваат
со 94% во надворешно трговската размена на РМ. Членките на Стопанската комора на Македонија
имаат доминантно учество во формирањето на сите макроекономски индикатори на ниво на
државата (БДП, надворешно- трговската размена, вработувањето, измирувањето на обврските кон
државата и сл.).
Своите интереси, компаниите-членки ги изразуваат преку телата и органите на Комората:
- 20 Здруженија (според дејности) / 8 Асоцијации
- 40 Групации (вио рамки на Здруженијата)
- 16 Регионални комори со 8 постојани регионални канцеларии
- 3 Мешовити Комори (од меѓународен карактер)
- 9 Деловни Совети
- Совет на Странски Инвеститори
Стопанската комора на Македонија е прва комора и прва институција во Република Македонија
која поседува сертификат за имплементирање на европските стандарди ISO 9001:2015.