Денес Комисијата на јавно-приватен дијалог која ја сочинуваат 4рите стопански комори моментално предводени од претседателката на МАСИТ, г-ѓа Анета Пешева и Владата на Република Северна Македонија, во просториите на свечената сала при Владата.
За време на средбата беа дискутирани повеќе сегменти кои го засегаат бизнис секторот во државата. Имено, на состанокот присуствуваа, Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, г-дин Фатмир Битиќи, во координација со економските ресори на државата, како и г. Фатмир Бесими, Министер за финансии, г. Борче Хаџиев, Директор на Биро за јавни набавки и г-ѓа Сања Лукаревска, Директорка на Управа за јавни приходи кој разговараа со претставниците на коморите на теми поврзани со :
· Третман на ИКТ набавките според последната верзија на Закон за јавни набавки
· Воведувањето на еколошката такса
· Враќање на средствата добиени како субвенции на плати од анти-ковид мерките
· Пролонгирање на рокот на испорака во име на фирмите кои имаат склучено договори на база на повици на Бирото за јавни набавки
Преку дискусија на состанокот се донесоа конструктивни заклучоци и се воспоставија идни чекори по кој Владата заедно со Платформата за јавно-приватен дијалог ќе постапува во периодот што следи се со цел усогласување на ставовите на двете страни.