На 29.10.2021 година се одржа состанок на Комисијата за јавно-приватен дијалог која ја сочинуваат четирите стопански комори моментално предводени од Извршниот директор на Сојузот на стопански комори на Македонија, г-а Христина Стојановиќ и Владата на Република Северна Македонија, во просториите на свечената сала при Владата на РСМ.
За време на едночасовната средба беа дискутирани сегменти кои го засегаат бизнис секторот во државата. Имено, на состанокот присуствуваа г. Милаим Амети, Шеф на кабинетот на Заменик Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економски ресори и инвестиции, г. Александар Аргировски, Државен советник во Биро за јавни набавки и г. Данаил Каров, Помошник раководител на сектор за јавни приходи и даночна и царинска политика во Министерство за финансии кои разговараа со претставници на стопанските комори на теми поврзани со:
Уредување на даночниот третман на кусоците во трговијата на мало и големо
Изработка на
упатства по сектори за економски најповолна понуда како критериум за избор
согласно Законот за јавни набавки
Преку дискусија на состанокот се донесоа конструктивни заклучоци и се воспоставија идни чекори по кој Владата заедно со Платформата за јавно-приватен дијалог ќе постапува во периодот што следи се со цел усогласување на ставовите на двете страни.
Следната средба на Комисијата за Јавно приватен дијалог ќе се случи на крајот
на следниот месец.