Индустриска сопственост

Листата за проверка ги вклучува законските прописи од избраната област. Листата за проверка е ажурирана заклучно со 14.05.2018 година.


Големина на компанија

Сектор


Плански регион

Член на Комора


Доколку поведувате постапка некој дел или целина од ваша услуга или производ да биде заштитен како индустриска сопственост, дали ги исполнувате условите за тоа?


Доколку вршите пријава на пронајдок, дали пронајдувачот е спомнат во пријавите и исправите на своето дело?


Дали доколку имате обврска или потреба, знаете со која институција треба да комуницирате за заштита на правата од индустриска сопственост?


Дали доколку започнувате постапка за стекнување на право на индустриска сопственост во РМ сте запознаени со текот на процедурата?


Дали во постапката за заштита на индустриска сопственост ја плативте соодветната такса?


Доколку поведувате постапка за патентирање на пронајдок, дали ги исполнувате сите услови пронајдокот да биде заштитен како патент?


Доколку имате проблем при патентирање дали како пронајдувач ги исполнувате условите за Вашиот патент во Заводот да има првенство пред други пријавувачи кои подоцна ќе го пријават?


Дали Вашата поднесена патентна пријава е комплетна во однос на задолжителните елементи кои треба да содржи пријавата за патент?


Дали заштитата на Вашите патенти сеуште важи и дали ги исполнувате условите за нејзино евентуално продолжување?


Дали патентите слободно ги користите и во лични и некомерцијални цели?


Дали сте извршиле или сте во постапка на поднесување барање за заштита на европски патент во Македонија?


Доколку сакате да заштитите некој ваш производ или услуга со Индустриски дизајн, дали ги исполнувате условите?


Доколку вршите пријавата за пријавување на Индустриски дизајн, дали Пријавата ги содржи сите предвидени елементи?


Дали како носител на право на индустриски дизајн некому забранувате или некој носителот на правото на индустриски дизајн Вам Ви забранува користење на Вашиот/неговиот Индустриски дизајн


Дали заштитата на Индустриски дизајн Ви е временски важечка или истечена?


Дали вршите заштита на Ваша Трговска марка, дали ги исполнувате законските услови??


Доколку поднесувате Пријава за заштита на Трговска марка, дали истата е комплетна и ги содржи законски предвидените елементи?


Дали заштитата на Трговската марка Ви е временски важечка или истечена?


Доколку вршите заштита на Географски назив, дали знаете што се штити со истиот и дали ги исполнувате условите?


Доколку правата од Индустриска сопственост ги пренесувате на трето лице или вршите нивно лиценцирање, дали склучивте соодветен договор­?


Доколку треба судски да заштитите некое свое право од Индустриска сопственост дали го запазивте рокот во кој може да се бара судска заштита?