Позиционен документ Надлежен орган - (институции до кои документот е доставен) Датум на доставување Статус Одговор на надлежен орган

Забелешки и предлози од компаниите на Предлог Закони за отпад

Пакет на предлог закони за воспоставување на ефикасен систем во областа на управувањето со отпад и посебните текови на отпад.

Предлози за промена на Законот за пакување и отпад од пакување и Законот за проширена одговорност на производителот за управување со посебните текови на отпад.

Министерство за животна средина и просторно планир


 Министерство за животна средина и просторно планирање

27.12.2019

Се разгледува

Нема одговор

Унапредување на системот на управување со посебните токови на отпад со колективни постапувачи и вклучување на посебните токови на отпадкои може да се користат како суровина со што ќе се подобри бизнис климата и животната средина

Непостоењето на колективни постапувачи за управување со посебните токови на отпад кои може да се ре употребат, доведуваат до неопходноста од депонирање на овие токови (големи трошоци при депонирање во јавното комунално претпријатие), што директно негативно се одразува на работењето на компаниите и конкурентноста во однос на други фирми. Треба да се поттикне рециклирањето на посебните токови на отпад: текстил,  дрво, гуми, градежен шут, тонери и друг вид на отпад, со што ќе се заштедат ресурси за повторно производство на овие производи, ќе се намали притисокот на постојните депонии, ќе се лимитира заземање на нови површини, ќе се заштити животната средина и ќе се намалат количините на отпад кој ќе се носи на депонија.

Се предлагаат следните законски измени:

1. Бришење на дефиниција "мал производител " во Законот за отпад

2. Поконкретни обврски за Градоначалниците по законските прописи за управување со отпад, отпад од пакување, отпад од електрична и електронска опрема и отпад од батерии и акумулатори;

3. Попрецизно дефинирање како колективните постапувачи за отпад од пакување да ги трошат парите како процент од приходите

- мин . за инфраструктура

- мин. за собирање и транспорт

- мин. за подигање јавна свест

4. Зголемување на потребниот процент за регистрирање колективен постапувач (од 5% на 10%) и бришење на сите понатамошни барања/ограничувања за пазарен удел

5. Посериозна и објективна годишна евалуација на работата на колективните постапувачи.

6. Внесување на дополнителни токови на отпад во системот (отпадно дрво, тонери, гуми, текстил, градежен шут и др.) за кои има заинтересирани компании кои би се регистрирале и за оваа дејност.

Министерство за животна средина и просторно планир


 Министерство за животна средина и просторно планирање

15.07.2019

Одговор добиен од: Министерство за животна средина и просторно планирање на

17.12.2019


Иницијатива за законски измени - Извештај за животна средина

Препораки и забелешки во врска со следните закони: Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Закон за управување со отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување.

Измени на следните закони: Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, Законот за управување со батерии и акумулатори и отпадни батерии и акумулатори, Закон за управување со отпад и Законот за управување со пакување и отпад од пакување со цел подобро управување со различни видови на отпад, олеснување на работата на компаниите од административен аспект и поефикасни процедури за подобра заштита на животната средина

Министерство за животна средина и просторно планир


 Доставено до Министерство за животна средина и просторно планирање

12.06.2018

Одговор добиен од: Министерство за животна средина и просторно планирање на

17.12.2019


Информација за Неконзистентност во законодавството за управување со отпад / отпад од електрична и електронска опрема

Недоволно јасни и прецизно дефинирани обврски на компаниите, отсуство на дефиниција за производител и трговец, недостаток на административен капацитет на локално ниво за реализирање на обврските од Законот за управување со отпад и Законот за отпад од електрична и електронска опрема

Да се воспостави ефикасен режим за управување со отпад од електрична и електронска опрема, со акцент врз одговорноста на производителот за трошоците за управување со дотраени уреди. Потребна е измена на законските прописи од областа на управување со отпадот.

Министерство за животна средина и просторно планир


 Доставено до Министерство за животна средина и просторно планирање

08.03.2018

Одговор добиен од: Министерство за животна средина и просторно планирање на

17.12.2019


Известување за потреба од кредитирање на мали и средни претпријатија за решавање на еколошки проблем на инсталацијата

Компаниите, особено малите и средни претпријатија се соочуваат со недостаток на средства, на кредитирање (поволни кредити) во делот на решавање на еколошки проблем на инсталацијата.

Во рамки на националните економски програми за поддршка на МСП, конкурентноста итн, да се овозможи субвенционирање за решавање на еколошки проблем на инсталацијата и/или да се обезбедат останати финансиски инструменти и извори на финансирање

Министерство за економија


 Доставено до Министерство за економија

05.03.2018

Се разгледува

Одговор добиен од: Министерство за економија на

17.12.2019