Немање на стимулативни мерки за формализација на работата за потребите на
домаќинството и немање механизми за формализација на сезонските работници во
земјоделието
Постојат области во македонската
економијата каде што неформалноста е многу голема, како што се
сезонските работници во земјоделието и работата за потребите во
домаќинствата (чистење, градинарство, услуги за одржување, приватни
образовни часови, грижа за деца и возрасни лица,
реновирање,
доградба на
домовите,
итн.). Развојот на компаниите кои би го
подигнале квалитетот на услугите и би поставиле стандарди во
давањето на услугите во овие области е скоро невозможно, поради
големото влијание на неформалноста врз цените на услугите. Тешко е
овие сектори да се формализираат без стимулативни иницијативи, па
затоа се предлага воведување на Ваучер систем за сезонските
земјоделски работници и услугите за потребите на
домаќинството.
Предлогот е да се воведе Ваучер систем
за стимулирање на формализација на економските активности и со
воведувањето на ваучер системот се очекува да се формализираат овие
области, што ќе доведе до развој на нови бизниси или проширување на
постојните бизниси.